Услови за користење
Последна измена: 14.12.2025 г.
Законска основа
Овие Услови за користење се составени во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, Законот за електронска трговија и Законот за облигационите односи на Република Северна Македонија. Со користење на нашата веб-страница и прави купување производи, се согласувате да ги прифатите овие услови во целост.
Општи одредби
ARTIFACT STORE е електронска продавница за продажба на производи на територијата на Република Северна Македонија. Договорот за купопродажба се смета за склучен во моментот кога ќе добиете е-пошта за потврда на вашата нарачка.
- Продавач: ARTIFACT STORE, 15 ноември број 12, Кичево, Македонија
- Контакт: artifaktjewelry@gmail.com | +38970912911
- Услугите се достапни 24/7 преку веб-страницата
Нарачки и цени
- Сите цени се прикажани во Македонски Денари (МКД) и Евра (ЕУР) и ги вклучуваат сите даноци (ДДВ)
- Цените може да се изменат без претходна најава, но ќе се почитува цената важечка во моментот на нарачката
- Задржуваме право да откажеме нарачки во случај на очигледни грешки во цените или достапноста
- По завршување на нарачката, ќе добиете потврда на е-пошта со детали за нарачката и уникатен број на нарачка
- Производите се испорачуваат во рок до 30 дена од денот на склучување на договорот, освен ако не е поинакву договорено
Начини на плаќање
Достапни методи на плаќање:
Плаќање при достава (кеш)
Плаќате во готово кога ќе го примите производот од карго службата
Банкарска трансакција (Mastercard/Visa)
Уплата преку банкарски трансфер на нашата сметка. Деталите за уплата ќе ви бидат прикажани по завршување на нарачката.
Безбедност: Не ги собираме и чуваме податоците од платежните картички. Банковните трансакции се вршат директно преку вашата банка. За плаќање во готовина, паричниот износ се подмирува директно на карго службата при преземање на пратката.
Достава
- Достава се врши преку овластена карго служба на целата територија на Република Северна Македонија
- Рокот на достава е од 2 до 5 работни дена од денот на потврда на нарачката
- Ќе бидете контактирани телефонски од карго службата пред доставата за договор за точното време и локација
- Трошоците за достава се вклучени во цената на производот, освен ако не е наведено поинакву
- При преземање на пратката, ве молиме проверете го производот пред да потпишете за примена
Право на раскин на договор и враќање
Право на раскин во рок од 14 дена (согласно Закон за заштита на потрошувачите)
Имате законско право да го раскинете договорот и да го вратите производот без наведување на причина во рок од 14 дена од денот на физичко преземање на производот.
Услови за враќање:
- Производот мора да биде во оригинално пакување, неоштетен и некористен
- Сите етикети, ознаки и придружна документација мора да бидат зачувани
- Потребно е да приложите копија од фискалната сметка или потврда за нарачка
- Известете не писмено (е-пошта) за вашето решение за раскин на договорот
- Трошоците за враќање на производот се на товар на купувачот
Постапка за рефундирање:
- По прием и проверка на вратениот производ, ќе ве известиме за одобрување или одбивање на рефундирањето
- Рефундирањето се врши во рок од 14 дена од денот на прием на вратениот производ
- Средствата се враќаат на истиот начин на кој е извршено плаќањето
Рекламации и решавање спорови
Доколку производот има недостатоци или не одговара на нарачаното, имате право на рекламација согласно Законот за заштита на потрошувачите.
- Рекламацијата се поднесува писмено на: artifaktjewelry@gmail.com
- Ќе одговориме на вашата рекламација во рок од 8 дена од приемот
- Во случај на основана рекламација, имате право на замена, поправка или враќање на средствата
Доколку не сте задоволни од начинот на решавање на рекламацијата, имате право да се обратите до Комисијата за заштита на правата на потрошувачите или до надлежен суд.
Контакт информации
За прашања, рекламации или правна помош во врска со овие услови:
Правно лице: ARTIFACT STORE
Email: artifaktjewelry@gmail.com
Телефон: +38970912911
Адреса: 15 ноември број 12, Кичево, Македонија